Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Откако ја освои својата 12. титула на престижниот тениски турнир Ролан Гарос, славниот шпански тениски ас Рафа Надал беше пречекан со овации и „тунел за поздравување“ од неговите помлади обожавателки.
Девојките го пречекаа со „жив тунел“ низ кој тој помина поздравувајќи се со сите нив додека тие го поздравуваа со овации.
Со победата на овогодинешното издание на мастерсот во Франција, Рафаел Надал уште еднаш покажа дека е непобедлив на земјен терен и ја освои 12-та титула во Париз, откако во финалето славеше над Доминик Тим со 6:3, 5:7, 6:1, 6:1.
„Кралот на земјата“ одлично го отвори мечот, иако Тим прв дојде до брејк. Надал потоа возврати со два брејка и го доби првиот сет со 6:3.
Во вториот сет двајцата тенисери лесно доаѓаа до гемови, но Тим ја искористи шансата за брејк на 5:5 и израмни на 1:1.
Во следните два сета Надал наметна свој ритам кој Тим не можеше да го следи и рутински ги освои за вкупни 3:1.