Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Државниот просветен инспектор Ѓорѓи Илиевски испрати барање до Правниот факултет на Тетовскиот државен универзитет за поништување на одлуките за избор во наставно-научни звања на тројцата актуелни високи државни функционери – министерот за образование и наука Арбер Адеми, заменик-министерот за внатрешни работи Агим Нухиу и директорот на Државниот завод за индустриска сопственост, Сафет Емрули, поради наводно противзаконскиот начин на кој се стекнале со нив Тоа го пишува и во решенијата испратени до тетовскиот универзитет кои ги испрати тој.
Од друга страна, Државниот просветен инспекторат се оградува и не го поддржува ставот на вишиот инспектор, Ѓорѓи Илиевски. Но, тој не се повлекува од случајот кој самиот го откри со унапредувањето на функционерите, на како што вели, вонреден начин. Илиевски вели дека директорот на Државниот просветен инспекторат Томе Спировски, го штити Арбр Адеми бидејќи се сограѓани, а Африм Салиу, раководител на секторот за инспекциски надзор, ја штити својата ќерка бидејќи е вработена на Тетовскиот универзитет. Тој додава дека неговата надеж е Државната комисија за спречување корупција и дека сега зборот го имаат премиерот Зоран Заев и ДУИ, бидејќи токму тие ги назначиле Арбр Адеми и Агим Нухиу.
Од Просветниот инспекторат велат дека случајот се истражува. Оваа институција на 6-ти јуни извршила вонредна инспекциска контрола, при која од Тетовскиот универзитет се одземени дополнителни документи.
Министерот за образование и наука, Арбр Адеми и заменик – министерот на МВР, Агим Нухиу, молчат. Сѐ уште не даваат изјава во врска со обвинувањата на инспекторот Илиевски. Нерегуларностите на Тетовскиот универзитет се констатирани при рутинска контрола од страна на Просветниот инспекторат. Инаку, Арбр Адеми и Агим Нухиу во министерските фотелји седнаа во април 2016 година. Според Членот 151 од Законот за работни односи, нивниот работен ангажман на факултет е ставен во мирување. Но, и двајцата функционери се унапредени во доценти, иако сѐ уште се вршат јавна функција.