Диви пчели направија џиновско саќе од 3 метри – погледнете каде го сместиле


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Диви пчели направиле џиновско саќе од три метри во оџакот на куќата од 66-годишната Лиз Дејсон од Велика Британија.

Дајсон не сакала да ги убие пчелите и морала да најде некого што ќе ги отстрани и пренесе на друго место.

Во очаен обид да ги спаси пчелите, таа потрошила повеќе од 2000 фунти за конзерваторот Роб Дејвис кој безбедно ги отстрани пчелите од оџакот на нејзиниот дом во областа Шопшајр.

Дејвис ги вовлекувал полека пчелите со посебна машина како правосмукалка . Освен тоа морал да урне голем дел од оџакот , за чијa поправка жената треба да плати уште 500 фунти. Потоа со помош на вакуум Дејвис ги извлекол сите 50 000 пчели и ги пренел во кошници.

Големиот спасувачки потфат на пчелите траел седум часа.