Од дилер до милијардерско богатство: ТОЈ е првиот хип-хоп милијардер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Според информациите и статистиката објавени од престижното списание Forbes, планетарно популарниот рапер, музички продуцент и сопруг на светски славната пејачка Бијонсе, Џеј Зи, е првиот милијардер од светот на хип-хоп музичката индустрија.

Богатството на Шон Картер (вистинското име на Џеј Зи), се разбира, не доаѓа само од музиката, туку од правата на својата бизнис империја која опфаќа брендирани алкохолни пијалаци, уметнички дела и недвижнини.

Џеј Зи кој во бракот со Бијонсе има три деца исто така поседува и акции во неколку извонредни технолошки компании, како што е Убер.

Шон Картер кариерата ја започнал како дилер на дрога за потоа да се насочи во друг правец и да се сврти кон рап музиката. Првиот албум го објавува во 1996 година. Џеј Зи има 14 албуми на првото место на топ листите и досега освоил 22 Греми награди.