Меѓународната вселенска станица отворена за туристи – еве колку ќе чини посетата


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Од НАСА објавија дека од 2020 Меѓународната вселенска станица ќе биде отворена за туристи кои ќе имаат желба и можност да ја посетат, со што се укинува долгогодишната забрана за приватни летови до ова вселенско летало.

Првите приватни космонаути ќе може да престојуваат на Меѓународната вселенска станица до 30 дена и до неа ќе патуваат исклучиво во американски летала. Еден ден на станицата би чинело 35.000 долари. Годишно се планира да бидат изведени две приватни мисии , рече заменик директорот на НАСА, Робин Гатенс.

Инаку, првиот дел од Меѓународната вселенска станица е лансиран во 1998 година, а станицата има постојано екипаж од 2000 година.

Промената на политиката во врска со станицата е најавена во понеделникот и тоа е чекор до нејзина целосна приватизација. До сега сите патувања и престојот на космонаутите го финансираше владата на САД, но според најавите на Трамп, тоа ќе прекине во 2025 година.