Светот одбележува 75 години од „Денот Д“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


На денешен ден се одбележуваат 75 години од фамозниот 06.06.1944 година, познат како Денот Д (D-Day), со кој беше означен почетокот од операцијата Оверлорд (Overlord).

Инвазијата на Нормандија поточно позната како Операција Оверлорд или Денот Д е епизода од Втората Светска војна каде силите на сојузниците (акцент на САД, Велика Британија и Канада) на 06.06.1944 година нападнаа на северниот брег на Франција, по должината на пет сектори (Јута, Омаха, Голд, Јуно и Сорд).

Оваа инвазија не само што даде поголем притисок на германските сили во Европа туку и го олесни источниот фронт со што голем дел од германската армија беше потребен во Нормандија, па така германците беа форсирани да водат изгубена војна на повеќе фронтови. Крајот на војната официјално започна.

Пред да биде извршен главниот напад на северниот брег од страна на пешадијата, областа била бомбардирана од авиони. Ноќта, преку 24 000 војници се спуштиле со падобранци во позадината на непријателската линија, додека пешадијата и механизираната дивизија започнале да го прават својот десант на плажите, утрото во 06:30 часот.

Оние кои се спуштиле на плажите биле пречекани од огромен непријателски оган. Непријателот истотака имал време за подготовки и ги минирале скоро сите плажи по брегот, поставиле препреки за тенкови и други возила како и за оние малите кабриолет транспортни бродчиња кои ги донесоа војниците до плажата. Жртвите биле најголеми на плажата Омаха, додека кај Голд, Јуно и Сорд во истиот ден биле исчистени и неколку фортифицирани градчиња преку улична борба. Во наредниот ден, ренџерите се регрупирале со падобранците кои се спуштија во позадината на непријателската линија рано во ноќта на Денот Д.

Така до месец август 1944 година, Франција беше комплетно ослободена и силите на сојузниците започнаа да пенетрираат на територија во Германија од западната страна. Од тука беше само прашање на време кога германците ќе ја изгубат војната.

И Македонија тогаш имала еден свој претставник во рамки на американската војска кој бил учесник во операцијата која започна со Денот Д. Панде Матевски е роден во 1914 година во Битола. Тој заедно со неговиот брат Петар, во периодот меѓу војните заминуваат во Америка на печалба. Кога Втората Светска војна започнува тој и неговиот брат се пријавуваат во американската армија. Во американските архиви се пронајдени податоци само за Панде Матевски. Тој е заведен како Панта Матевиќ, регрутиран во американската армија на 13.05.1941 година во Чикаго со ранг – водник прва класа. Заедно со неговиот брат учествуваат во операцијата D-Day изведена на 06.06.1944 година кога силите на Сојузниците нападнаа на северниот брег на Франција. Тие се дел од ренџерите на армијата т.е. делот од армијата кој напаѓа директно на плажите на северниот брег. За време на воената операција, Петар е ранет во раката а Панде загинува. 

Извор: Фејсбук страна Квик Историја