Девојката која го прекина финалето од ЛШ пуштена од притвор – остана без својот Инстаграм


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Кинси Волански, девојката која полугола втрча на теренот за време на финалниот дуел меѓу Тотенхем и Ливерпул во рамки на Лигата на шампионите, вчера утрото беше пуштена од притвор, каде беше задржана вечерта од страна на полициските службеници поради испрашување во врска со споменатиот инцидент.

Кинси преку ноќ стана ѕвезда откако полугола, во провокативно издание со едноделен танга бикини, втрча на терен во финалето од Лигата на шампионите.

Атрактивната 22 годишна девојка со оваа егзибиција заработи огромна популарност, а со тоа и околу два милиони следбеници на Инстаграм за само една ноќ. Се проценува дека тоа и донело заработка од околу 3.39 милиони евра преку огласи.

Режисерот не сакаше да ја зумира затоа што токму тоа е она што го сакаат оние што влегуваат на теренот, но нејзините фотографии сепак станаа популарни. За таков вид на промиција Инстаграм немаше разбирање. Како што пренесува таа, нејзиниот профил сега е блокиран.

Веднаш после нејзината провокативна појава на теренот каде што се играше финалето од Лигата на шампионите, бројот на нејзини следбеници на Инстаграм од 750.000 вртоглаво порасна на над 2,4 милиони за само неколку часа.

Иако на терен беше многу кратко на себе привлече големо внимание и сите сакаа да знаат повеќе за неа. Таа тоа го направила по договор со своето момеч Витали Здороветски.

Според пресметките на светските експерти за маркетинг, нејзиното маркетиншко влетување на финалето од ЛШ би ја чинело по регуларна цена 4 милиони долари. Но, таа веројатно ќе добие многу пониска парична казна од УЕФА и забрана за влез на стадионите.

Откако Волански излезе на слобода од притвор, ја пречека нејзиниот дечко Витали, притоа зграбувајќи ја за задникот со коментар: „Оваа задница сега е славна“.