Еден од најмоќните во светот: Атомскиот мразокршач „Урал“ спуштен во вода (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Од руското Министерство за индустрија и трговија известија дека атомскиот мразикршач од прокетот „Урал 22220“ ќе почне да го крши мразот на Арктикот во август во 2022 година.

Во рускиот град Санкт Петербург во вода беше спуштен третиот по ред универзален атомски мразокршач „Урал“ од проектот 22220. Во следните три години бродот ќе биде завршен и предаден на користење.

Новиот атомски мразокршач ќе биде еден од најмоќните вакви бродови на светот. Со овие мразокршачи ќе биде обезбедена руската доминација на Арктикот, сметаат медиумите.

Должината на бродот изнесува 173,3 метри, широк е 34 метри и може да понесе 33,5 илјади тони.

Бродовите од овој проект може ад спроведат караван од бродови во арктички услови и да пробијат мраз со дебелина од три метри.