Будењето на гигантот Етна (видео)


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Најактивниот вулкан во Европа, италијанскиот Етна, се активираше вчера во раните утрински часови кога почна да исфрла лава во висина од неколку стотици метри.

Првите пукнатини се отвориле на југоисточниот дел од кратерот, како и на североисточната страна. Првите ерупции почнале околу 3 часот утрината.

Етна (итал. Etna или Mongibello; лат. Aetna) е стромболски вулкан лоциран на источниот брег на Сицилија. Тој е најголемиот активен вулкан во Европа со височина од 3,329 метри, но тоа варира според ерупциите. Планината е пониска за 21 метар во споредба со висината од 1981.

Етна е највисокиот вулкан во Европа надвор од Кавказ. Вулканот е висок 3,329 метри, иако врвот варира согласно ерупциите. Истовремено, Етна е највисока планина во Италија јужно од Алпите. Покрива површина од 1,190 квадратни километри со површина на основата која зафаќа 140 km. Со тоа Етна е далеку поширока од трите активни вулкани во Италија, два ипол пати повисока од вулканот Везув. Само Теиде на Тенерифе (Шпанија) ја надминува во целиот Европско-Североафрикански регион, западно од Црното Море. Во старогрчката митологија, смртоносното чудовиште Тифон бил заробен под оваа планина од страна на Зевс, бог на небото и на молњите и крал на боговите, а постојат легенди и дека ковачницата на богот Хефест исто така се наоѓала под вулканот.

Етна е и еден од најактивните вулкани во светот. Плодната вулканска почва го поддржува земјоделството, поволна е за одгледување лозје и разни видови овошје кои се распространети во долните делови на планината.

Поради нејзината историја на поскорешните активности, планината Етна била прогласена за еден од Децениските вулкани од страна на Обединетите Нации. Во јуни 2013, Етна била додадена на списокот на УНЕСКО како една од светските природни наследства на човештвото.