Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Документарниот филм во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, „Медена земја“, се закити со уште едно меѓународно признание – наградата „Најдобар интернационален филм“ на 21 издание на Интернационалнот фестивал за документарен филм „ДокАвив“ во Тел Авив, Израел.
„Стручното жири кое едногласно одлучи да го награди филмот со оваа висока награда во своето образложение ја истакна неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството и оди уште подалеку станувајки фасцинанетен портрет на една извонредна жена. Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со Природата“, стои во соопштението.
Со победата на „ДокАвив“, „Медена земја“ се квалификуваше за трката за Оскар. Според пропозициите на Академијата за филмска уметност и наука на САД, „Медена земја“ исполнува еден од двата услова за директна кандидатура, а тоа е да победи на еден од фестивалите кои се на квалификационата листа. ДокаАвив е еден од нив.
Приказната го следи животот на Хатиџе Муратова, која е една од последните пчеларки во Европа која сè уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената.
Филмот, покрај другите награди имаше голем триумф на фестивалот во Санденс каде освои три награди – за најдобар документарен филм, за кинематографија и специјална награда од жири.