Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Трансферот на Еден Азар во Реал Мадрид е само прашање на време, а медиумите ги открија сите финансиски детали од зделката.
Реал Мадрид ќе му плати на Челзи 130 милиони евра за Еден Азар, со што ќе го собори досегашниот клубски рекорд на трансфери.
„Челзи, првично ќе треба да добие 113 милиони евра, а уште 17 милиони би можел да добие преку бонуси“, пишува британскиот „Сан“.
Мадриската „Марка“,пак, пишува дека е прашање на денови кога белгискиот репрезентативец ќе биде претставен во Мадрид, а доколку висината на трансферот е точна тогаш лондонскиот клуб од Азар ќе добие дури 95 милиони повеќе, отколку што пред седум години му платиле на Лил.
Досегашниот рекод за највисок трансфер на Реал Мадрид изнесуваше 100 милиони евра, сума која „кралевите“ ја платија за Герет Бејл.
Азар ќе потпише 4-годишен договор со Реал според кој неделно ќе заработува 400.000 фунти и ќе биде најплатен играл на „Сантиаго Бернабеу“.