Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Кога 2015 беше прогласена за најсекси жена на светот, славниот британски модел Кели Брук (39) внимаваше на секој вишок грам на своето тело и посветено се трудеше да одржи што повитка линија. Денес, таа има сосема поразличен пристап кон физичкиот изглед и опседнатоста со килограмите.
Кели Брук беше фотографирана на Мајорка како ужива во друштво на нејзиниот долгогодишен партнер, 33-годишниот Џереми Париси.
Додека вљубената двојка ужива на луксузната јахта и во романтични прошетки низ сончевиот шпански остров, таблоидите пишуваат за линијата на манекенката.
Очигледно е дека Кели веќе не е опседната со килограмите. Таа во 2005 беше прогласена за најсексипилна жена на светот. Тогаш внимаваше на секој грам и имаше барем 15 килограми помалку отколку сега.
View this post on Instagram
„Важно е да се сакате себеси. Не сум веќе слаба и не се прегладнувам. Мојот режим е следен: што повеќе одење, редовна посета на сауна за исфрлање на токсините од организмот , многу вода и што е најважно многу секс за кондиција”, изјави Кели во првото интервју откако се „поправи“.