Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со додавање на симболично откривачки емотикони за автомобил, енергија и знамето од Кина, од технолошкиот гигант Tesla вчера најавија мистериозно изненадување кое ќе го открија на последниот ден од месец мај, во петок.
Tesla Motors на социјалните мрежи објави информација дека за 31. мај подготвува изненадување. Целосно е непознато за каков производ станува збор, освен дека објавата е наменета за кинескиот пазар.
Почнаа и шпекулациите, па се смета дека Tesla ќе го најави Model 3наменет само за овој пазар или барем за регионот. Можна е и најава на Model Y, како и на Semi, електричниот камион.
Get ready?⚡??#tesla $tsla #特斯拉 pic.twitter.com/ezGUWno1BU
— Teslas in Shanghai (@tesla_china) May 27, 2019
Познавачите сметаат и дека Tesla најавува дека ќе почне да ги произведува своите модели во Кина, со вестите поврзани со Giga Factory 3, како и воведување мрежа на брзи полначи за автомобили.
Во секој случај, ќе треба да се почека до петок.