Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот гигант Милан и оваа сезона остана без пласман во Лигата на шампиони, па поради финансиска стабилност ќе мора да го продаде младиот голман Џанлуиџи Донарума, тврдат италијанските медиуми.
Милан ќе мора да се соочи со нови ограничувања кога станува збор за Финансискиот фер-плеј, па му се заканува дури и исфрлање од европските натпреварувања.
„Милан мора да гледа во иднината и да осигура финансиска стабилност. Целта е целосна модернизација на клубот, изградна на нов стадион, што ќе донесе поглем финансиски раст“, изјави генералниот директор Иван Газидис.
Тоа значи дека ова лето нема да има големи трансфери во Милан, па многу е веројатно дека „росонерите“ ќе мораат да продадат една од своите ѕвезди.
Со оглед на фактот што Ромањоли е капитен и „недопирлив“, раководството е спремно да го продаде Донарума.
Најсилен интерес за младиот голман во моментов покажува ПСЖ, но последните информации се дека Манчестер Јунајтед внимателно ја следи ситуацијата и е спремен да испрати богата понуда ако Де Геа си замине од „Олд Трафорд“.
„Росонерите“ се спремни да го продадат Донарума доколку пристигне понуда од 55-60 милиони евра.