Македонските јуниори поразени на турнирот во Мостар


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Македонската репрезентација во категоријата јуниори, викендов настапи на меѓународниот турнир во „Мостар 2019“ со двајца боксери, Елес Асанов во категорија 52 кг, и Хурмет Јонузов во категоријата 75 кг.

Елес Асанов загуби од Ибраим Букедим од Франција со прекин од страна на судијата, Хурмет Јонузов беше поразен од Давид Коцзиан од Унгарија на поени.

Нашата земја на турнирот учествуваше и со еден судија, Радмила Симевска која судеше во квалификациите но и на финалниот ден што е големо признание за нашата судијка на турнирот во Мостар.