Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
На денешната седница на која на дневен ред беше пратеничкиот мандат на Никола Груевски, со пет гласа „за“ Комисијата за мандатно имунитетни прашања изгласа бившиот премиер и моментален политички азилант и бегалец да остане без мандатот по основ дека е неоправдано отсутен повеќе од шест месеци.
Расправата траеше само половина час и само неколку пратеници се јавија за збор, без поголема дискусија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа ниту „за“ ниту „против“ за предлогот, а не беа ниту воздржани. Едноставно, не гласаа како да не се тука.
Предлогот сега треба да се најде на пленарна седница каде парламентот ќе донесе одлука дали да му биде одземен мандатот на Груевски. За тоа да се случи е потребно двотретинско мнозинство.