Интер се договори со најголемата желба на Конте!


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Антонио Конте е многу блиску до клупата на Интер и наскоро се очекува официјализација.

Италијанецот ќе потпише тригодишен договор „тежок“ 10 милиони евра по сезона. Притоа „нероаѕурите“ му ветиле на Конте солиден буџет за летни засилувања, а медиумите го открија првото име кое стратегот му го побарал на раководството.

Поранешниот тренер на Челзи сака да го донесе Ромелу Лукаку, зашто верува дека тој фантастично ќе се вклопи во италијанскиот стил на игра и ќе биде одлична замена за Икарди.

Раководството на Интер веќе почна да работи на тој трансфер, а денешното изндание на „Газета дело Спорт“ тврди дека договорот меѓу Лукаку и Интер е „готова работа“.

Имено, Лукаку наводно ги договорил условите за петгодишен договор со Интер вреден 7,5 милиони евра по сезона плус бонуси, кои ќе зависат од негвоите перформанси.

Сега останува уште Интер да постигне договор со Манчестер Јунајтед за висината на отштетата, а трансферот би требало да изнесува околу 70 милиони евра.