Home Вебкафе Ноќната магија на јапонските улици – фантастични фотографии на Џун Јамамото

Ноќната магија на јапонските улици – фантастични фотографии на Џун Јамамото

Живописните и енергичните ноќни фотографии на самоукиот фотограф и постпродуциски „магионичар“ на фотографијата, Џун Јамамото, на импресивен и уникатен начин ја пренесуваат енергијата, динамиката, пулсот и магијата на светлата од ноќните изданија на јапонските улици.

Типот моментално е стациониран во Токио и се фокусира главно на урбана и улична фотографија, на одличен начин доловувајќи го уличниот сензибилитет и атмосфера од јапонските урбани средини.

Со суптилен сензибилитет за динамична комбинација од ноќни урбани светла и живи објекти, било во толпа, или поединци, Јамамото префинето ја доловува комбинацијата од урбаната енергија на улиците од една метропола и издиференцираната субјективност на секој еден човек кој остава свој траг и белег со своето присуство на „асфалтната џунгла“.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…