Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Рускиот шампион во шамарење, Василиј Камотски докажа дека е спремен да го прифати секој предизвик за да биде признаен како светски шампион во оваа болна и луда дисциплина, откако го покоси и познатиот Кирил „Базука Раце“ Терешин.
Сибирецот Василиј кој е познат по неговата неприкосновена сила во шамарење, стекна слава со победата на шампионатот во мавање шамари Siberian Power Show 2019 во март. Камотски веќе ужива меѓународна слава, добивајќи и признание од Џо Роган од светот на ММА борбите.
Василиј го предизвика Терешин, кој е познат по прекарот Базука Раце. Терешин од Пјатигорск е познат по тоа што сака да биде „модерниот Херкул“, па претера со очајното вбризгување на синтол во неговите енормно подуени бицепси.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Овие двајца титани на шамарењето учествуваа на турнирот „Лица од камен“ (Каменные лица), на кој Камотски докажа дека тешко ќе се најде некој кој ќе му биде рамен во шамарење и ќе го спружи на подот со еден удар, како што тој ги патосира противниците засега со своите жестоки шамари.