Во оваа држава нема завршување основно, средно или факултет ако не засадиш 10 дрвца


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Властите на Филипини изгласаа нов закон со кој се воведува регулатива според која учениците во основните училишта нема да можат да добијат диплома за завршено основно школо доколку немаат засадено барем 10 дрвца во текот на основниот едукативен процес.

Секој ученик треба да засади по 10 стебла за да заврши основно училиште, да заврши средно и потоа факултет и за секоја диплома ќе треба да садат дрвја.

„Со над 12 милиони ученици, кои завршија основно училиште, речиси пет милиони што завршуваат средно и речиси 500.000 што дипломираат на факултет секоја година, овој закон ако се спроведе како што треба, ќе обезбеди секоја година да се засадат по најмалку 175 милиони нови стебла. Во текот на една генерација, како дел од оваа иницијатива може да се засадат 525 милиони стебла”, вели Гери Алејано, автор на овој закон.

Стеблата ќе се садат во шумски подрачја, потоа во цивилни и воени области, како и во урбани средини, според план за пошумување на единиците на локалната самоуправа.