Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Борбата против корупцијата во фудбалот продолжува, а денес беше направена голема полициска акција во Шпанија.
Утрово на прија на првите луѓе од Примера беше покрената голема акција,а се однесува на местење натпревари во финишот на минатата сезона.
Приведени се неколку сегашни и бивши фудбалери од првата и втората лига под обвинение дека учествувале во местење натпревари за да придобијат финансиска корист.
Според податоците на полицијата, глава на целата криминална група е бившиот играч на Реал Мадрид, Раул Браво. Заедно со него биле Борха Фернандез од Ваљадолид, Карлос Аранда, Саму Дијаз од Гетафе и Ињиго Лопез од Депортиво.
Покрај играчите приведени се и првиот човек на Хуеска, Аугустин Лопез, како и шефот на медицинската служна на истиот клуб, а полицијата детално ги претресе канцелариите на Хуеска.
Сите уапсени се обвинети за припадност во криминална организација која се бави со перење пари.
🚔 Implicados y detenidos: Raúl Bravo, ex del Real Madrid; Borja Fernández, del Real Valladolid; Carlos Aranda, exjugador de numerosos equipos de Primera; Samu Saiz, del Getafe; e Íñigo López, actualmente en el Dépor… https://t.co/TsoKaVxRBO
— MARCA (@marca) May 28, 2019