Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ова прашање е една од „вечните дилеми“ поврзани со технолошките производи кои станаа неизбежен и неодминлив дел од нашето секојдневие и без кои голем дел од луѓето ширум цел свет буквално не можат да функционираат и опстојат. И да, веднаш ќе ви кажеме – точен и дефинитивен одговор на ова прашање не постои.
Според тестирањата на батеријата на лаптопите, ако вашиот уред е постојано на полнач, тоа ќе ги намали неговите можности. Освен тоа, покачената температура што е резултат на самото полнење на батеријата, ѝ штети на електрониката, па затоа некои препорачуваат да ја извадите батеријата од лаптопот и тој постојано да ви биде „на кабел“.
Ова, сепак не е возможно кај некои нови лаптопи, бидејќи батериите се запечатени во куќиштето за да се намалат нивната тежина и нивните димензии.
Acer препорачува да се вади батеријата секогаш кога е тоа можно, а HP препорачува лаптопот барем две недели постојано да се полни, без престан. Dell тврди дека нема никаков проблем ако ви е лаптопот постојано на полнач, а според Apple идеално е да се полни и да се остави да се испразни батеријата.
Бидејќи нема конкретен одговор, најдобра опција е самите, според вашиот лаптоп да решите дали ќе ја чувате батеријата на полнач или да ја извадите. Или да се придржувате до советите на производителот на вашиот лаптоп.