Еве ги првите нови цени на горивата кои ги одреди Регулаторна по новата методологија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Веќе е објавен новиот ценовник на горивата одреден според новата методологија за дефинирање на цените според која се води Регулаторната комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ, бензините „Супер 95“ и „Супер 98“, поевтинуваат за еден денар и ќе се продаваат по цена од 71,00, односно 73,00 денари, додека дизел горивото ќе се продава поевтино за два денара и ќе чини 64,00 денари за литар.

Од Комисијата наведуваат дека ако трговците и оваа недела самите ги пресметуваа малопродажните цени, цената на бензините ќе останеше непроменета додека дизелот ќе поевтинеше за еден денар.

Главни критериуми во формирањето на цените и натаму ќе бидат курсот на доларот во однос на денарот и движењето на цената на суровата нафта на светските берзи.