Роџер Вотерс од Пинк Флојд се вози со метро – речиси никој не го позна славниот музичар


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


На крајот, за сите други патници во метрото, Роџер Вотерс беше само уште еден сопатник во подземната железница. И нормално, така треба секогаш да биде, барем кога станува збор за планетарно популарни ликови кои сосема приземно се однесуваат и го живеат секојдневието.

Роџер Вотерс, еден од основачите на култните Пинк Флојд и нивни фронтмен, беше фотографиран во еден од подземните возови од њујоршкото метро, како патува низ долен Менхетен. 75-годишниот рокер беше забележан додека чека метро на линијата број 6.

Патниците се качуваа и се симнуваа, повеќето од нив без воопшто да го познаат и забележат славниот басист и композитор, кој стана член на Rock and Roll Hall of Fame во 1996 година.