Кларк говори за финалната епизода од Game of Thrones: Го проучував Хитлер и се спремав


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Британската актерка Емилија Кларк, која во мегапопуларната серија Game of Thrones ја играше Даенерис Таргарјен, за Variety откри дека за потребните на нејзиниот победнички говор во последната епизода проучувала диктатори како Адолф Хитлер.

„Сега тоа делува смешно, гледав многу снимки од диктатори и моќни лидери кои не говорат на англиски, да видам дали можам да сфатам што говорат иако не им го знам јазикот. И навистина можев! Апсолутно можете да разберете што говори Хитлер“, тврди Емилија.

Популарната актерка тврди дека ја нашла вистинската формула за да биде што поубедлива.

„Си помислив, ако можам да верувам во секој збор што го изговарам, тогаш гледачите нема да мораат толку да гледаат во преводот“. тврди Емилија.

За улогата морала да научи непостоечки јазик, а нејзиниот говор беше прилично долг. Со месеци останувала будна до доцна во ноќта за да го спрема.

„Тогаш се случи најчудната работа. Дојдов на сетот, не ми требаше проба и целиот говор го изведов совршено од прв обид“, објасни актерката.