Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Новата НВО мини серија „Chernobyl“ ги воодушеви гледачите до таа мера, што некои уште после првата епизода ја прогласија за една од најдобрите серии на годината.
Иако досега се емитувани само три епизоди (од вкупно петте), серијата веќе има добиено подобри оценки на IMDB и од планетарно популарната Game of Thrones, како и од хит серијата Breaking Bad.
Моментално „Чернобил“ има импресивна просечна оценка 9,6, а истата не престанува подеднакво да ги воодушевува и публиката и критиката.
Мини-серијата во пет продолженија прикажува што тргнало наопаку во нуклеарната електрана „Чернобил“ во бившиот Советски Сојуз, ноќта на 25. спроти 26. април, 1986 година. Но, прикажува и како дошло до експлозијата, а ги прикажува и последиците.
Очигледно фактот дека е снимена по вистинити настани најмногу го привлекува и задржува вниманието на гледачите, а многумина на социјалните мрежи ја прогласија за ремек-дело.
Haven’t seen anything as horrifying as #ChernobylHBO in my life. Nothing comes close. Pure terror and it all happened for real. Sometimes dramatised TV can do more to open your eyes about something that really happened than any other medium. Well done #skyatlantic pic.twitter.com/HyhEn5Q6BP
— Mark Allotey (@markallotey) May 14, 2019
#ChernobylHBO is a fucking MASTERPIECE.
If you’re not watching this, you NEED to, trust me on this! pic.twitter.com/sxl9yJuHro— The Briterican (@The_Briterican) May 14, 2019
„Никогаш во животот не сум видел нешто толку ужаснувачко како Чернобил. Ни приближно нешто слично. Вистински хорор, а сето тоа навистина се случило. Понекогаш телевизиските драми можат подобро да ни ги отворат очите за нешто што навистина се случило отколку било кој друг медиум“, гласи еден од коментарите.
#ChernobylHBO is one of the scariest shows I’ve ever seen… and this stuff ACTUALLY HAPPENED?? pic.twitter.com/LcB3Ylm9kk
— Cole Delgado (@ColtDelgado) May 14, 2019
„Чернобил е ремек-дело. Ако уште не сте почнале да го гледате, мора да го направите тоа, верувајте ми“, пиша друг твитерџија.
Чернобилската катастрофа уште се смета за една од најголемите и најстравични катастрофи за кои е виновен човекот. Според ВВС, оваа катастрофа погодила повеќе од 3,5 милиони луѓе и контаминирала 50.000 квадратни километри земјина површина.