Павле Богоевски си поднесе оставка од пратеничката функција


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


По медиумскиот и јавен скандал кој изби со снимката од телефонскиот разговор на Павле Богоевски, пратеник од владејачкото мнозинство во Собранието, Богоевски ја извести јавноста дека одлучил да си поднесе оставка од пратеничката функција.

Наспроти тврдењето дека Богоевски нарачувал кокаин, тој тврдеше дека нарачал масло од канабис за негов близок пријател кој има здравствени проблеми.

Тој денеска соопшти дека оставката ќе стапи во ефект по гласањето на пленарната седница за мандатот на Груевски.

„Почитувана јавност, гласот за одземање на мандатот ќе биде мојот последен глас во ова Собрание. Оваа одлука ја донесов кога се пријавував во полиција. Не би сакал мојата пратеничка функција да влијае на правосудните органи кои ќе го истражуваат овој случај“ – рече Богоевски.

Тој денеска соопшти дека оставката ќе стапи во ефект по гласањето на пленарната седница за мандатот на Никола Груевски.