Рецепт кој беше загубен 200 години: Враќањето на белгиско монашко пиво од 12. век


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После 200 години од губењето на рецептурата за изработка на пиво од страна на монашкиот ред во опатијата Гримберген, монасите од Редот на Премонтре, почнаа повторно да го произведуваат и пијат средновековното пиво.

По откривањето на оригиналниот рецепт и методите за производство од 12-от век во нивните архиви, тие повторно го направија ова монашко средновековно пиво. Но, пивото не е за потценување зашто содржи 10,8 проценти алкохол.

Промоција на пивото беше кулминација на четиригодишните истражувања од страна на монасите, познати како Премонтранци.

Древните тајни за пијалоците на монасите биле најверојатно изгубени кога француските револуционери ја запалиле опатијата во револуцијата во 1798 година.