Срушен рекордот од 1994 година: Стојоски постави нов државен рекорд на 200 метри


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Атлетичарот Јован Стојоски постави нов државен рекорд на 200 метри, откакок атлетската делница ја истрча за време од 21:40 секунди, 25 стотинки побрзо од стариот рекорд поставен од Ристе Пандев во далечната 1994 година.

Новиот државен рекорд беше поставен на контролен митинг за сениори како дел од Купот на Белград за Јуниори. Покрај победата 200м, Стојоски победи и на трката на 400м во склоп на истиот митинг. Двете победи на Стојоски значат потврда на добрата форма и изборена норма за Европското првенство во Париз.