Антикорупциска поднесе прекршочна пријава против директорката на Хематологија Пановска


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Антикорупциската комисија на денешната седница поднесе прекршочна пријава против директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис. Причина за прекршочната пријава и отворањето на предмет за Пановска Ставридис е нејзиното неподнесување анкетен лист за имотната состојба, што е законска обврска, пренесува Нова ТВ.

Пановска била именувана за в.д. директор на Хематологија во август 2017 година и оттогаш нејзиниот мандат постојано се продолжувал, а таа не доставила анкетен лист.

Претходно, Комисијата отвори предмет за Пановска Ставридис по претставката што група лекари од Клиниката го испратија до Комисијата.

Во Претставката со која се бараше да се отвори предмет за роднинските врски на првите луѓе на Kлиниката за хематологија и веледрогеријата „д-р Пановски“, а до која дојде Нова ТВ, се наведуваат повеќе примери зошто треба да се констатира судир на интереси кој влијае на квалитетот на здравствените услуги и на набавките на лекови.

Во писмото пишува дека од страна на директорката Ирена Пановска комплетно е сменет Стручниот колегиум, кој сега е инструмент во нејзините раце за набавка на скапи лекови од веледрогеријата на нејзиниот татко, Др Пановски.

Лекарите тврдат дека со новата систематизација, која била донесена на сила, нетранспарентно и незаконски директно и лично од вд. директорката Ирина Пановска освен Стручниот колегиум, сменета е и главната медицинска сестра, сите раководители на одделенија, а способните и докажани стручни кадри кои се носители на дејноста се деградирани што влијае на квалитетот на лекувањето и изборот на лекови.