Официјално: Михтарјан го пропушта финалето во ЛЕ поради политички причини!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Арсенал официјално соопшти дека Хенрих Михтарјан нема да патува со тимот во Баку на финалето од Лига Европа.

Ерменцот стравува за својата безбедност и поради тоа Арсенал решил да не го поведе во Азербејџан во битката за трофејот со премиерлигашкиот ривал.

Причина е конфликтот кој го имаат Азербејџан и Ерменија, па фудбалерот има проблем да добие виза за пресметката во Баку.

И покрај тоа што од УЕФА најавија дека ќе сторат се што можат за да ги обезбедат потребните документи и да гарантираат за безбедноста на Ерменецот, Арсенал попладнево соопшти дека Хенрих Михтарјан нема да патува во Азербејџан.

„Разочарани сме што треба да соопштиме дека Хенрих Михтарјан нема да патува со тимот за финалето од Лига Европа против Челзи“, стои во соопштението на Арсенал.