Учесниците, покровителите, партнерите, поддржувачите и соработниците се причината за развојот на Виз Ер Скопски маратон


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Во понеделник вечер во Парк Хотел и Спа беше организирана завршната манифестација на Виз Ер Скопски Маратон, на која присуствуваа сите партнери и учесници.

Сојузот на спортови на Скопје, и оваа година, на 15. јубилеј на Виз Ер Скопски маратон, уште еднаш покажа дека темелите на добрата организација лежат во цврсто поставени цели, пожртвуваноста и многу труд. Тие го постигнуваат тоа благодарение на сите учесници, покровители, партнери, поддржувачи и соработници. На вечерната церемонија тие доделија благодарници на сите тие кои што помогнаа во грандиозноста на Виз Ер Скопски маратон 2019.

„Пред 15 изданија знаевме само дека сакаме да направиме нешто големо и значајно. Сакавме луѓето да спортуваат, да се забавуваат, но и да се натпреваруваат. Многу беше емоционално кога ги видовме во толку голем број како стапнуваат на патеката. Тогаш воочивме дека нашите цели се постигнуваат и дека соништата ни се исполнуваат. Сега, како што секој тркач цели да се надмине себе, и ние ќе целиме догодина да Ви приредиме уште поубаво и поквалитетно искуство. Моментално, може да продолжите да се подготвувате за во октомври, за Скопје трча 10КМ.“, истакнаа од тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје.

Оваа јубилејна година Виз Ер Скопски маратон зеде голем чекор и за зацврстување на хуманитарниот елемент. Тие преку соработка со givengain.com успеаја да поттикнат 164 донации на 4.248 евра од 19 земји за 3 организации, СОС Детско село, Проект среќа и Здружение на лица со пулмонална хипертензија – Момент плус.

Најдобрите 3 женски тимови на 5км тим билдинг трката беа NRC – Nike + Run Club со освоено прво место, Делта со второ место и Алкалоид – Здравјето пред сѐ со трето место. Во машка категорија први беа Делта, втори NRC – Nike + Run Club и трети ДХЛ Тим.

Најдобри три женски екипи од 21км тим билдинг трката беа Делта, NRC – Nike + Run Club, Beat Run Crew, а машки АРМ, Делта и NRC – Nike + Run Club.

Од женските тимови на штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ најдобри женски тимови беа Triogy Racing, ОК Златоврв и ФЕИТ, а најдобри од машките тимови беа ОК Златоврв, АРМ и АК Струмица и мешани МПС Скопје, Ваљда ќе стигнат и ИПА Скопје.

Прво место за најдобар транспарент беше Ива Весевска, а најдобра фотографија имаше Анета Цветкова.