Има 12 години и заработува милиони – за роденден си купи BMW


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Се вика Натанана Санунрат и работи како блогерка за убавина, а првото нејзино видео кое беше објавено на YouTube го сними на само 4 години.

Ја следат над 292.000 корисници на споменатата видео платформа, а нејзините видео снимки имаат речиси 11 милиони прегледи. Овие бројки се гратис влезница за малата „јутјуберка“ за некои од најпрестижните модни настани на светот, како Лондонската недела на модата во 2018 година.

„Се шминкам секој ден од мојата четврта година, па едноставно почнав да снимам видеа и да ги објавувам на социјалните мрежи“, вели Натанана за Daily Mail.

Сепак, најмногу внимание и следбеници привлече кога за својот неодамнешен 12. роденден си се почести со ново BMW 7, вредно над 150.000 евра. Таа е премлада за да има возачка дозвола, а не е ни доволно висока за да ги достигне педалите од возилото, па новиот автомобил ќе го возат нејзините родители кои се и нејзина најголема поддршка во нејзината „работа“.

„Горди сме на неа и на тоа што со својата работа успеа да си купи автомобил, а ние засега ќе го возиме за да ја носиме на разните манифестации и настани на кои ја канат. Мислам дека нејзиниот прв вистински автомобил, оној кој таа ќе може да го вози, ќе биде Porsche“, вели нејзината мајка Натча.