Во Италија сигурни: Јувентус го избра новиот тренер


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тренерот на Лацио, Симоне Инзаги е главен кандидат да го наследи Масимилијано Алегри на чело на Јувентус, тврди „Кориере дело Спорт“.

Веќе официјално стана јасно дека актуелниот тренер на „бјанконерите“ нема да го води тимот следната сезона, па раководството ја започна потрагата по негов заменик.

Иако медиумите лецитираа со многу имиња, наводно раководството на „старата дама“ веќе го избрало новиот тренер, а тоа е Симоне Инзаги.

Актуелниот тренер на Лацио оваа сезона го освои италијанскиот Куп и е спремен да си замине од „Олимпико“, иако има договор со клубот од 2020 година.

„Кориере дело Спорт“ тврди дека двете страни постигнале договор и наскоро се очекува Инзаги и Јувентус официјално да ја потврдат соработката.

Фановите очекуваа етаблирано тренерско име, но Гвардиола и Клоп беа „невозможна мисија“, па Јувентус се одлучи за Симоне Инзаги.