Најстарата фотографија од Мека направена во 1885 година – кадар од 250.000 долари


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Првата фотографија на која е фотографирана Мека, направена во 1885 година, на аукција беше продадена за 250.000 долари.

Фотографијата ја снимил познатиот холандски ориенталист Кристиан Снук-Хјоргоне, кој престојувал во Мека во средината на 1880-те години и кој наводно го шпионирал локалното население, претставувајќи се дека конвертирал од христијанство во ислам.

Првата фотографија од Мека

Фотографиите од Мека Хјоргоне ги направил за време на неговата работа во холандскиот конзулат во Џеди во споменатиот временски период.

Негова задача во Џеди наводно била да го шпионира познатото локално благородништво, кое Холанѓаните сакале да го следат. Во тоа време холандска компанија се ширела во Индонезија и барала разузнавачки податоци за моќните Индонезијци кои патувале во Мека, како и за подобро разбирање на исламските обичаи.

Откако објавил дека го прифатил исламот, во 1885 година на Кристиан му било дозволено да направи аџилак во Мека и тој бил првиот припадник на западната цивилизација кој влегол во ова свето место. Неговите импресивни фотографии прикажуваат, меѓу другото, аџии кои од Индонезија одат на аџилак во светиот град, заедно со нивните слуги и камили.

Кристиан со таква страст и посветеност ги прифатил културата и религијата на тамошното население, што тие биле апсолутно убеден дека тој искрено конвертирал во ислам и никој не се посомневал во тоа. Но, во едно негово подоцнежно писмо до пријателот Карл Безолд, тој признал дека се преправал дека е муслиман пред локалците.

Хјоргоне за време на неговиот петмесечен престој во Мека го снимил и најстариот звучен запис на учење на Куранот. Снимката која трае 1 минута и 40 секунди е направена со помош на тогаш иновираниот цилиндричен фонограф од Томас Едисон.