СКAНДАЛ: Косовската пратеничка се извини за спорната фотографија


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Пратеничката на владејачката Демократска партија, Флора Бровина по испитувањето во полиција им се извини на граѓаните на Косово, посебно на жените кои биле жртви на сексуално насилство и на нивните семејства.

Бровина за време на пленарна седница во косовскиот Парламент објави фотографија за тврдеше дека е доказ за сексуалното насилство за време на војната во Косово. Таа изјави дека можеби се работи за фалсификуван документ кој е злоупотребен околу 2003 година кога и бил предаден додека ја извршувала функцијата, претседател на Комисијата за исчезнати личности.

„Еден активист ми го предаде документот во плико и рече дека можам да го употребам и дека личноста е жива“, рече Бровина.

Таа порача и дека точноста на документот ќе ја потврдат државните органи. Во меѓувреме косовски медиуми утврдија дека фотографијата е преземена од интернет страница со порнографски содржини, а обвнителството покрена истрага за случајот. Невладини организација соопштија дека Бровина и нанела голема штета на косовската заедница и на досегашната работа со жртвите на сексуалното насилство за време на војната во Косово.


Поголемиот дел од силувањата во Косово имале слични ситуации, па затоа не верував дека овој документ е неточен, рече Бровина.

Неколку косовски медиуми објавија дека фотографијата е веројатно сцена од порнографски филм, пронајден на интернет-сајтови во Ирак.