Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Актерот Ајзак Капи, кој остави впечаток со неговите актерски појавувања во „Тор“ и „Терминатор“ почина одземајќи си го животот со скокање од мост во Аризона, пренесуваат американските медиуми.
Во извештајот од полициските органи во Аризона се вели дека откако скокнал од мостот, Капи бил удрен од минувачки автомобил на патото под мостот.
Пред самоубиството, тој се закануваше на Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, а беше обвинет и за насилно однесување кон неа.
TMZ пренесува дека неколкумина минувачи на мостот од каде што Капи го извршил самоубиството, се обиделе да го одвратат 42-годишниот актер да не скока од мостот, но не успеале во тоа.
Злокобна објава на Инстаграм
Портпаролот на Одделот за јавна безбедност на Аризона, Барт Грејвс, за списанието People изјави дека полициските служби го пронашле безживотното тело на Капи под мостот на Трансвестерн Роуд.
„Скокнал од мостот, а потоа бил удрен и од автомобил кој поминувал на патот под мостот. Лицето починало на самото место, а идентификуван е како 42-годишниот Ајзак Капи“, потврди Грејвс.
View this post on Instagram
Актерот пред самоубиството објавил брутален пост на Инстаграм по кој можело да се насети дека ќе си направи нешто на самиот себе.
„Не бев добар човек. Изневерив многу луѓе и многу лични доверби. Продавав дрога. Не плаќав данок. Имам долгови. Си го уништував моето тело со цигари, дрога и алкохол. И додека е вистина дека поминав многу, многу часови на истражувања за лоши актери, толку малку си го негував вниманието врз самиот себе и сопствените дела“, напиша Капи.
Исто така, тој им се извини и на американскиот претседател Доналд Трамп и на Исус што ги изневерил.