Ајатолах Али Хамнеи порачува: Иран и САД нема да влезат во војна


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, порача дека нема да има војна со САД.

Според него, мерењето на силите меѓу Техеран и Вашингтон повеќе е начин да се тестира решителноста на секој од нив отколку да има воен судир.

„Тие не сакаат војна, тие знаат дека тоа нема да биде во нивна корист“, оценува Хаменеи. Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги отфрли тврдењата дека САД планираат воен конфликт со Иран.

САД неодамна ги зајакнаа економски санкции врз Техеран за нуклеарното прашање, како и своето воено присуство во Заливот, наведувајќи ги како причина иранските закани.