Почина холивудската актерска дива Дорис Деј


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


на 97-годишна возраст, во нејзиниот дом во Калифорнија, почина славната холивудска актерка и пејачка која ја тресеше филмската и музичката сцена во 50-те и 60-те години на минатиот век, Дорис Деј. Според известувањата од медиумите, Деј почина како последица на компликации предизвикани од воспаление на белите дробови.

Како што соопшти Фондацијата за заштита на животните „Дорис Деј“, актерката и пејачка и покрај тоа што била во одлична психофизичка состојба имајќи ги предвид нејзините години, неодамна заболела од „многу сериозно воспаление на белите дробови“ што го искомплицирало нејзиното здравје.

Деј беше една од најпопуларните американски актерки и пејачки во 50-те и 60-те години на минатиот век. Меѓу нејзините најпознати филмови се „Човекот кој знаеше премногу“, „Каламти Џејн“ и „Шепотење на перница“, а остана запаметена и по изведбата на нумерата „Que Sera, Sera“ (Што ќе биде, ќе биде).

Дорис Деј е родена на 2 април 1922 година во Синсинати, како Дорис Мери Ен Капелхоф. Зад себе имаше четири брака и еден син – музичарот и продуцент Тери Мелкер.