Макпетрол ги објави новите цени за горивата на нивните бензиски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Најголемиот трговец на нафта и нафтени деривати во земјава, Макпетрол, веќе ги скрои новите цени по кои од утре ќе се продаваат горивата на нивните бензиски.

Бензините, 95 ка и 98 цата ќе ги продава поевтино за еден денар односно ќе чинат 71 и 73 денари. Дизелот поскапува за половина денар, и од полноќ ќе се продава по 64 денари за литар.

„Неосновани се покажаа стравувањата на одредени институции и поединци дека либерализацијата на цените на пазарот на нафтени деривати би предизвикало ценовни шокови, односно нивно поскапување“, велат од Макпетрол.