Македонскиот бенд „Визија” со концерт во Франција


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Македонскиот бенд „Визија” ќе одржи концерт во Дижон, Франција каде што во рамките на “Europe Convergence” за прв пат ќе го претстави својот репертоар пред француската публика.

Концертот е закажан за 18 мај, со почеток во 21 часот во „Péniche Cancale”. Покрај Визија, во рамките на „Europe Convergence” во периодот меѓу 15 и 19 мај концерти ќе одржат и бендовите „Fenc/s” (Франција), “No reception” и “Caligo Quartet” (Грција). Во претходните неколку денови, шанса да ги слушне сите овие бендови имаше и македонската публика, откако беа одржани неколку концерти на различни локации во Скопје.

Бендот „Визија” постои неполни 8 години, го сочинуваат Марко Џамбазоски, Марко Гапо, Лилјана Јанкова и Синиша Ѓорѓевиќ, а неодамна настапија и на престижниот фестивал „Егзит” во Србија.