ФИФА ја одби жалбата: Челзи нема да може да купува два преодни рока!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Надежта на Челзи дека сепак ќе може да купува играчи во летниот преоден рок згасна денес, откако комисијата за жалби при ФИФА ја одби жалбата на лондонскиот клуб.

ФИФА со одлука му забрани на Челзи да може да регистрира нови играчи во следните два преодни рока, како казна за нарушени правила при регистрирање на малолетни фудбалери.

Жалбениот комитет на ФИФА ја потврди суспензијата, но наведе дека на Челзи ќе му биде дозволено да регистрира играчи помлади од 16 години.

Се очекува Челзи да се жали до судот за спортска арбитража во Лозано.

Челси може да бара од CAS итна привремена одлука за замрзнување на суспензијата во текот на жалбената постапка. Тоа би овозможило на клубот да ги регистрира сите играчи кои ќе ги доведе пред почетокот на преодниот рок, кој во Англија почнува на 11-ти јуни.