Ни Ориги, ни Арнолд, херој на Ливерпул е детето што собира топки (видео)


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Фудбалерите на Ливерпул синоќа направија историски пресврт и со победата од 4:0 над Барселона успеаа да се пласираат во финалето од Лигата на шампиони.

Особено впечатлив беше четвртиот гол, откако при еден „мудро“ изведен корнер Арнолд и Ориги успеаа да ја надмудрат целата одбрана на Барселона.

Денес целиот фудбалски свет аплаудираа на нивниот потег, но на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека вистински херој на Ливерпул е детето кое собира топки зад гол линијата.

Имено, детето реагираше брзо и итро му ја подаде топката на Арнолд, додека фудбалерите на Барса се уште се позиционираа во шеснаесетникот.