Обвинителката Русковска: Интерпол одбива да ги објави потерниците по Никола Груевски и Никола Бошковски


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Обвинителката од секторот за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во изјава за медиумите откри дека Интерпол повеќе од 2 месеца одбива да ја објави меѓународната потерница за бегалецот Никола Груевски, заедно со потерницата за уште еден бегалец од лицето на правдата кај нас, Никола Бошкоски кој се наоѓа во Солун.

Двајцата се осомничени како организатори на крвавиот упад во Собранието, во 2017 година.

Таа рече дека не ѝ се познати причините зошто седиштето на Интерпол не ги објавува потерниците. Рече дека добила документација од Албанија во истрагата за бегството на Никола Груевски.

“Седиштето на Интерпол одбива да ја објави потерницата, а не даваат образложение”, рече Русковска.

“За пет лица кои беа обвинсти во претходниот предмет, без проблем потерниците беа објавени, а се работи за исто кривично дело”, кажа обвинителката пред новинарите.