Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Модниот избор и стилот во кој најславната „старлета“ на денешницата се појави на овогодинешното издание на гламурзниот и екстравагантен моден настан Мет Гала во Њујорк позитивно ги изненади и присутните и модните критичари.
Атрактивната Ким на церемонијата во Метрополин музејот во Њујорк се појави во фустан работен осум месеци во кој наликува на вистинска сирена.
Мегапопуларната старлета изгледала како девојка од Калифорнија која само што излегла од вода. 38- годишната Ким и нејзиниот сопруг , музичарот Канје Вест биле меѓу гостите на гала вечерата во Њујорк.
За разлика од Канје која на хуманитарната вечера во Њујорк дошол во прилично едноставен лежерен аутфит, Ким со мокрите локни и тесниот миди фустан во боја на кожата била главна „фаца“ на вечерта.