Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Бившиот прв човек на тајната полиција во Северна Македонија, Сашо Мијалков, доби укинување на куќниот притвор кој му беше одреден за случајот „Титаник 2″, по изрекувањето на пресудата.
После изминувањето на 60 дена од изрекувањето мерка притвор, па судот одлучи да го прекине притворот, да му го одземе пасошот и да го задолжи да се јавува еднаш неделно во суд.
Од Кривичниот суд Скопје информираат дека решението е донесено по одлуката на Апелацискиот суд да му се укине куќниот притвор на Мијалков.
Мијалков беше во притвор во Шутка, по изрекувањето на пресудата за „Титаник 2″ за изборни нерегуларности за што доби 3 години затвор. Со решение на Апелацискиот суд решението на првостепениот суд е преиначено и на Мијалков му беше определна мерка куќен притвор кој трае до правосилноста на пресудата, а најдолго 60 дена.
Со оглед да рокот од 60 дена истекува на 06.05.2019 година, советот постапувајќи по службена должност утврди дека мерката куќен притвор треба да се укине, соопштија од Кривичниот суд.
„Согласно член 481 ст.4 од ЗКП, кога судот ќе изрече во пресудата казна затвор, може да определи обвинетиот да се стави во притвор , односно да остане во притвор, ако постојат причините од член 165 ст. 1 т. 1,2 и 3. Притворот во таков случај може да трае до правосилноста на пресудата, но најдолго до 60 дена” соопштуваат од Судот.
Претходно на Мијалков му беше укинат и куќниот притвор за „Империја”.