Баерн во ПСЖ ја пронајде замената за Рибери


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Баерн Минхен ова лето ќе прави голема реконструкција на тимот и неколку ѕвезди ќе ја напуштат „Алијанц Арената“.

По Робен, заминувањето од Баерн Минхен го потврди и Рибери. Тандемот под прекарот „Робери“ на достоинствен начин ќе се прости од навивачите и од дресот на Баерн на специјалниот меч посветен на двајцата, кој ќе биде одржан во текот на следната година.

Баварците веќе почнаа да бараат замена за двајцата ветерани, а германските медиуми пренесуваат дека се силно заинтересирани за ѕвездата на ПСЖ, Јулијан Дрекслер.

Дрекслер е на излезна врата од ПСЖ и би можел ова лето да се врати во Бундеслигата, каде претходно настапуваше за Шалке и Волфсбург.

„Светците“ се спремни да го продадат Германецот, неговата вредност во моментов изнесува 35 милиони евра, сума која Баерн нема да има проблем да ја плати.