Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Откако не успеа да го победи последнопласираниот Хадерсфилд, Манчестер Јунајтед и официјално остана без пласман во Лигата на шампиони следната сезона.
Раководството на „црвените ѓаволи“ смета дека е огромен неуспех и финансиски удар за клубот тоа што нема да игра во Лигата на шампиони, па реши да ги казни играчите.
Имено, играчите на Манчестер јунајтед имале клаузула во договорот за намалување на платата за 25 проценти доколку не се пласираат во Лигата на шампионите, а тие клаузули сега и официјално ќе бидат активирани.
Дали оваа одлука би можела да доведе до заминување на фудбалерите од „Олд Трафорд“?
Веднаш започнаа шпекулациите за Пол Погба, кој ќе биде најголем „губитник“ од ваквата одлука бидејќи ќе изгуби 5,3 милиони фунти.
Јунајтед пак од друга страна неиграњето во ЛШ ќе го чини повеќе од 100 милиони евра загуба.