Во Велика Британија пронајден гробот на „човекот-слон“


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


После речиси 130 години потрага, во Велика Британија беше пронајден необележаното последно почивалиште на Џозеф Мерик, познат како „човекот-слон“.

Мерик имаше коскена деформација и деформација на ткивото поради што беше прикажуван како циркуска атракција, а подоцна и проучуван како медицински феномен.

Првите знаци на неговиот деформитет, за кој научниците подоцна констатираа дека се работи за Протеусов синдром, ретко генетско пореметување, се појавиле кај Џозеф кога тој имал само 5 години.

После мачно и тешко детство и адолесцентен период, како и време поминато во циркус, Мерик завршил во болница во источниот дел од Лондон, каде го изненадил болничкиот персонал со својата интелигенција и нежна природа.

Починал на 11 април, 1890 година, на 27-годишна возраст, веројатно поради гушење како последица од тежината на неговата глава кога легнал да спие.

После смртта, неговото тело било сецирано, а скелетот сочуван како анатомск експонат во Кралската болница во Лондон заради истражувања и проучувања.

Инспириран од оваа трагична и неверојатна животна приказна, култниот режисер Дејвид Линч во 1980 година го снима својот филм „The Elephant Man“, во кој улогите ги играат Ентони Хопкинс, Џон Харт, Ен Бенкрофт, Венди Хилер, Фреди Џонс и други.

Филмот освоил вкупно 10 награди, меѓу кои француската награда „Цезар“ за најдобар странски филм, три награди на БАФТА, а бил номиниран и за наградата „Оскар“ во осум категории.