Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Заврши изборната трка, изборната сага, невообичаена за мене и чудно се чувствувам, бројките говорат за пораз, обично поразените не се чувствуваат добро, но јас никогаш не сум се чувствувала по смирено, побогато, исполнето, попродуховено и од срце ви благодарам на сите кои верувавте дека некој кој не е член на партијата може толку многу да се зближи со оние од Унијата на жените, членовите, коалиционите партнери, симпатизерите, ама најмногу со граѓаните, ова вечерва го истакна Гордана Силјановска Давкова.
-Ние жените обично забележува се кај другите жени, па јас во последно време слушам дека сум се подмладила и дека сум изгледала поинакво од првите денови на моите настапи, погодувате зошто? Токму заради граѓаните, јас и не знаев дека директните средби со нив ќе можев да помогнам во градењето на демократија во Македонија која ја нема и добив невидено разбирање, енергија, дијалог кој ми говореше дека она што го кажувам допира до нив, не само до нивниот ум туку и до нивните срца, и верувале или не тоа ме подмлади, јас сум им благодарна за тоа, додава Силјановска.
Таа потенцира дека денешниов дени личел Вивалди, четирите годишни времиња.
-Признавам си мислев дека утрото почна со дожд, немаше многу светлина и наликуваше на зимско, но дека на крајот ќе помине низ сите годишни времиња и ќе заврши како пролет. Претпоставувам дека заврши како пролет за другите, за победниците, но воопшто за мене не е зима. Верувале или не ама да добиете речиси 370 илјади гласови е голема благодарност, а згора да станете позната по улиците како Гога, тоа е нешто што е ново во политиката во Македонија, а да не говорам дека за две недели да добиете речиси 50 илјади гласови разговарајќи со различни групи на луѓе навистина е голема инспирација за мене, затоа велам дека вечерва знам дека Вардар победи и знам дека победи против кандидатот, но не мислам дека јас како поединец и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ја загубив битката, рече Силјановска.
Таа вели и дека во Македонија на изборите победи „партитократијата, а не демократијата.“